2 коментари 2 мин. читање 6 февруари, 2012

Додадете си уште 5 GB простор на Dropbox

Сте испратиле еден тон покани за да добиете максимум простор на вашата cloud базирана архива Dropbox, но ви се потребни повеќе? За тие што секогаш сакаат повеќе, или за тие што сакаат да овозможат лесни 5 гигабајти простор на Dropbox, сега можете да ја симнете бета верзијата на Dropbox и да поставите барем 500 мегабајти видеа или слики со еден замав. Со секои 500 мегабајти вие добивате уште толку простор на вашата Dropbox.

Нормално ако ви се исплаќа можете истиот пакет од видеа и слики да го праќате и после да го бришете, но зошто да не ја искористите оваа одлична шанса да си ја поставите на безбедно и спасите вашата архива од фотографии?

Бидејки е во фаза на тестирање, можно е да има сеуште грешки во софтверот, но тоа се очекува од BETA верзија, а воедно добивате добри и бесплатни 500 мегабајти простор. Воедно во правилен момент доаѓа оваа опција, посебно затоа што сега постојат огромен број на начини да си ја полните Dropbox сметката со фотографии и видеа директно од вашите мобилни уреди.

Симнете ја бета верзијата на Dropbox за вашиот оперативен систем, ако сакате да овозможете повеќе простор преку следните линкови:

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
иван
иван
14 years ago

Ова е стриктно за нови корисници, или може со надградба да се добијат тие 5гб?

Дропбоксер
Дропбоксер
14 years ago

Фала.

Мени
Заедница
Изглед
To top