Промовираните твитови од сега ќе се појавуваат и на мобилните уреди. Ова беше најавено претходно, а од среда станува и официјално. Промовираните твитови (ова се всушност рекламни твитови) ќе се приклучат на промовираните профили кои ќе се појавуваат на мобилните уреди.
Интересно, огласувачите ќе може да одберат дали нивните рекламни твитови ќе можат да се појавуваат на iOS или на Android или пак на трети платформи.
„Таргетирањето на мобилните уреди е добро за брендовите кои сакаат да го зголемат достигот на нивните пораки до посебен вид на мобилни корисници. На пример, мобилните игри и издавачите на апликации ќе можат да ги таргетираат корисниците кои можат да го купат продуктот.“, вели Twitter во блог пост.
Неодамна и Facebook претстави реклами на мобилни телефони. Според аналитичарите, мобилните платформи можат да станат добар извор на приходи на друштвените мрежи. Пример, приходите од реклами на Тwitter се очекува да пораснат во 2012-та дури за 86,3 отсто, на 259 милиони долари.







