0 коментари 1 мин. читање 20 март, 2012

Gmail сега ќе ви објасни зошто мејлот е обележан како спам

Сите мејлови од Нигерија одат во спам фолдерот, така? Сега веќе нема потреба да претпоставуваме зошто спамот е спам бидејќи Gmail сега ќе објаснува зошто пораките се обележани како злонамерно, непотребно ѓубре, доколку ве интересира.

Првичното објаснување ќе биде кратко, пример „линкот во пораката води до вирус“, или пак ќе ви каже дека претходните добиени мејлови од одреден корисник сте ги ставале во спам, или бидејќи пораката е слична со претходни мејлови кои им се познати на филтрите за спам. Но, ќе има и линк доколку сакате да откриете нешто повеќе.

„Се надеваме дека ова нема да биде само интересно, туку ќе ви помогне да научите за измамите и за другите злонамерни пораки кои Gmail ги филтрира.“, вели Google во блог пост.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top