1 коментар 2 мин. читање

Промоција на Мozilla Firefox во Скопје и Куманово

На 5 септември (сабота) на плоштадите во Скопје и Куманово, од 16 до 21 часот, ќе се одржи Mozilla Firefox промоција. Сите заинтересирани, и тие што знаат за Firefox и тие што не знаат, ќе можат да ја испробаат најновата 3.5 верзија на прелистувачот на лице место и ќе можат да дознаат нешто повеќе. Ќе има и награди доколку одговорите точно на прашањата за Firefox. „Прво човекот кажува дали знае или незнае што е Firefox. Со тоа ја одредуваме тежината и потоа му поставуваме соодветни прашања“, велат организаторите.

Настанот ќе може да се следи во живо на интернет, а овој ден ќе стане и ден на Mozilla Firefox во Македонија, велат организаторите кои ќе делат ЦД-а со софтверот на македонски и албански јазик, како и упатства за користење и инсталирање на прелистувачот.

„Бидејќи мене лично Firefox ми е секојдневие, ги знам сите негови доблести и како тој мене лично ми го збогатува искуството на интернет. Баш поради тоа, и поради помислата дека треба да се сподели и со сите останати граѓани овој прекрасен софтвер, ја добив идејата за промоција на Firefox во Скопје. После објавувањето како концепт на Македонскиот ИТ Форум, замислата доби големо внимание, а тоа добринесе до остварување на проектот и негово ширење и во други македонски градови како Куманово.“ вели Горјан Јовановски, организаторот на настанот.

Повеќе информации за настанот можете да најдете на:

Што се однесува до софтверот, Mozilla Firefox е најкористениoт прелистувач во Македонија. Дури 53 отсто од интернет корисниците користат Firefox.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top