0 коментари 4 мин. читање

HTC Magic

{mosimage}На македонскиот пазар неодамна беше претставен Android-базираниот мобилен телефон, HTC Magic, кој благодарение на нашата комуникација преку Twitter со маркетинг продукт менаџерот на ВИП, успеавме да го дограбиме и една цела недела да го тестираме. Нашето мислење за овој HTC мобилен телефон со екран на допир следи во продолжение…

Главни спецификации
  • 3.2 инчен екран на допир
  • Тежина од 116 грама
  • Тастатура од шест копчиња + топче за навигација
  • HVGA резолуција од 320 х 480 пиксели
  • 3.5G мрежна конекција
  • Wi-Fi конекција, GPS
  • Bluetooth со стерео A2DP (Advanced Audio Distribution Profile)
  • 3.2 мегапиксели камера со автоматски фокус
  • Простор за MicroSD картичка

{mosimage}

Надворешен изглед

Изработен од тврда пластика, Magic го задржува препознатливиот дизајн со кренат преден дел како и кај првиот HTC модел G1, но разликата е во тоа што надворешниот дизајн на Magic е потенок и многу поелегантен отколку оној на претходникот G1, кој е со груб и остар прекршок во долниот дел. Kaj Magic е одстранета и надворешната QWERTY тастатура.

{mosimage}

HTC Magic има едноставен и модерен дизајн – тастатура на долниот дел од телефонот со шест мали копчиња и топче за навигација, скриена microSD картичка, еден ист приклучок за полнач и слушалки и само едно единствено странично копче за дополнителни функционалности како контрола на јачина на звук, делува одлично во раката и е доста практичен, што се должи и на лесната тежина, односно околу 116 грама што го прави телефонот конкурентен со другите модели од оваа категорија, како на пример iPhone кој е потежок за околу 15 грама и со HTC Magic има повеќе сличности.

Но практичниот дизајн има и своја цена…Од надворешноста единствена замерка ни е тоа што на телефонот му фали стандардниот 3.5 милиметарски приклучок за слушалки, кој е заменет со иновативната Bluetooth A2DP технологија со мини-USB приклучок, која има свои предности како подобрен квалитет на звук и можност за конектирање лесно преку Bluetooth до безжични сетови, но и свои негативности како немањето можност да слушате музика на слушалки од HTC Magic додека ја полните батеријата на телефонот, бидејќи се користи истиот приклучок.

{mosimage}

Функционалности

Кај многу телефони кои немаат надворешна QWERTY тастатура и каде што екранот на допир ја врши примарната функција, квалитетот и дизајнот на екранот на допир се одлучувачки фактор за купување. Ако екранот одговара брзо на допирот и ги регистрира добро движењата, тогаш телефонот има зелено светло за користење. Доколку пак осетливоста не е на добро ниво и не реагира лесно на допир, автоматски телефонот станува непрактичен.

Кај HTC Magic екранот на допир не претставува никаков проблем, туку напротив, силна предност. Екранот е навистина чувствителен на допир и е далеку подобар од традиционалниот екран на допир. Што значи, го има зеленото светло.

{mosimage}

Телефонот има и вграден акцелерометар кој ви овозможува користење на Magic и во вертикална и во хоризонтална положба кога користите апликации или пребарувате на интернет. За разлика како кај конкурентните модели, кај Magic помеѓу преносот од вертикалната позиција на користење до хоризонталната има мала кратка пауза, која за некои луѓе кои се нестрпливи може да претставува мал проблем.

{mosimage}

Камерата од 3.2 мегапиксели вади одлична слика и солидно видео, но за жал само на дневна светлина или добро светло бидејќи недостасува интегрираниот блиц.

Перформансите на телефонот се навистина одлични, што и не е чудно бидејќи е базиран на Android, мобилниот оперативен систем создаден од Google. На барања за стартување, користење и исклучување, апликациите се процесираат брзо.

А кога сме кај апликациите, веќе инсталирани на HTC Magic доаѓаат апликациите за сервисите на Google како: YouTube, Gmail, Maps, Talk, Calendar, и нормално Google Search. Тука е и Microsoft со својот Exchange ActiveSync кој овозможува автоматска синхронизација и доставка на и-мејл пораки. Инсталиран е и читачот на PDF, Word и Excel фајлови, mobile PDF viewer.

{mosimage}

Доколку ви недостасува некоја апликација, не заборавајте дека Android е систем со отворен код со што се овозможува многу полесен развој на дополнителен софтвер, па така на располагање имате онлајн маркет со разно-разни апликации, голем број бесплатни апликации и секако некои што се плаќаат.

Батеријата на овој мобилен компјутер е навистина издржлива. Телефонот "машки" издржа цели три дена нормално користење: искористување на просечна процесирачка моќ, сурфање на интернет, кратки и долги телефонски разговори…

Заклучок

HTC Magic е одличен и навистина практичен телефон со модерен и привлечен дизајн. Нормално е дека недостатокот на вградениот блиц и на 3.5 мм приклучокот за некои корисници може да биде многу важна работа, додека за другите одлучувачки фактор да бидат повеќе другите функционалности како брзото процесирање на апликациите, издржливата батерија и нормално, моќта на Google и неговите сервиси кои се основната платформа на овој телефон.

  • Повеќе наши фотографии од HTC Magic на Facebook и Flickr профилите на IT.com.mk
  • За цените и понудените тарифни модели, повеќе може да дознаете на сајтот на ВИП.



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top