Промени во Twitter: се враќа Џек Дорси и се трга лимитот од 140 карактери за приватните пораки

Twitter доби нов директор, кој всушност беше и првиот директор и ко-основач. На местото на Дик Костело се враќа Џек Дорси, барем за кратко. Причината за промена на директорот е притисок од инвеститорите што Twitter забавува со растот и не прави повеќе пари. Најавата дека г. Костело ќе си оди, веднаш ја качи вредноста на акциите за 10 отсто што го покажува очекувањата дека Twitter ќе направи нешто повеќе. Twitter во моментов вреди 25 милијарди долари и генерира околу милијарда долари годишен приход.

На негово место доаѓа Џек Дорси кој како ко-основач на друштвената мрежа го испрати и првиот твит во 2006-та година. Oткако замина од Twitter, г. Дорси го стартуваше Square, сервис за плаќање преку апликации кој денес процесира неколку милијарди долари секој месец. Токму големината и потенцијалот на Square претставува проблем за г- Дорси, и го отвора прашањето дали и како ќе се справи тој со двете работи? Која компанија ќе биде приоритет?

Според г. Дорси, Тwitter нема да има некои поголеми промени додека тој е директор, туку ќе ја следи поставената стратегија. Иако на Тwitter му е потребна промена, сепак г. Дорси е поставен како привремен директор.

Повеќе од 140 карактери

Но, сепак има промена во Twitter, барем една мала и техничка промена. Twitter објави дека следниот месец ќе стави крај на една од функционалности по кој беше најлесно прeпознатлив. Ограничувањето на 140 карактери ќе биде отстрането, иако барем засега единствено за директните пораки (Direct Messages).

Барем засега во Twitter не размислуваат за промена на јавните твитови кои барем според оваа најава остануваат исти, односно ограничени на 140 карактери. Од Twitter велат дека нема да има никаква промена на јавната страна и она што го гледаат корисниците.

Отстранувањето на ограничувањето на должината на директните пораки е едно од барањата на корисниците. За надградба на апликациите кои ги користат директните пораки на Twitter компанијата изработи API кое е веќе достапно.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments