Хрватско-македонскиот стартап u:Plug започнува со претпродажба на паметниот штекер преку редизајнираната сајтот на u:Plug. Стартапот неодамна доби 100.000 долари за да го финализира продуктот, и сега е најавено дека првите паметни приклучоци ќе започнат со испорака за два месеци.
„Долго и напорно работевме на креирање на производ кој во блиска иднина ќе го користат илјадници домаќинства. Нашата компанија продолжува со креирање, во моментов работиме на партнерства со некои од најголемите светски компании од областа на сензори/комуникација за да може u:Plug да постане power hub за сензори и технологија која го инапредува искуството во домот. Плановите и апетитите се големи, но ние како тим со нетрпение ги очекуваме следните предизвици.“, вели основачот на u:Plug Иван Јелушиќ за Netokracija.
Штекерот доаѓа со USB приклучок за полнење на паметни телефони, таблет компјутери или останати електрични уреди. Најголема предност на уредот е можност за заштеда на енергија и заштитата на батеријата кога е уредите се полнат преку u:Plug. Дека навистина се мислело на се при дизајнирањето на приклучокот, може да се забележи и од тоа што самиот приклучок се користи и како постоље при полнењето на телефоните и таблет компјутерите.
Конечно нашиот сон стана реалност! @uplugme is live!
Уредот доаѓа под „Made in Croatia“-етикета, иако веќе следните верзии ќе бидат со потоекло од Европа. Во претпродажба чини 30 евра, а има поволности при купување на повеќе од еден паметен приклучок.







