0 коментари 1 мин. читање

Променете ги изгледите на вашите фолдери со Dr. Folder

Независно од верзијата на Windows оперативниот систем кој моментно го користите, општото мислење е дека иконите на фолдерите и документите се премногу монотони и статични, нешто што е неизбежно кога со години клкнувате на едни исти работи :)

Доколку сакате да го смените изгледот на иконите, самиот Windows оперативен систем ви нуди лесни можности за брза замена на стандарната икона со некоја друга, но Dr. Folder е апликација која се залага да внесе нова свежина во изгледот на вашите икони.

Преку апликацијата Dr. Folder можете да започнете автоматизирана промена на иконите на сите или одредени фолдери, односно фајлови, вклучувајќи ги и сите подфолдери што би можеле да се наоѓаат на одредена дестинација.

Dr. Folder нуди импресивен арсенал од икони уредно подредени во соодветни категории, како знамиња, хороскопски знаци, научна фантастика, и многу повеќе! Во случај да не најдете нешто интересно, во што озбилно се сомневаме, можете да преземете дополнителни икони од официјалниот сајт или пак да вметнете ваши креации.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top