Променете ги фотографиите со Fawkes за да се сокриете од алгоритмите за препознавање лица

Fawkes е апликација која суптилно ги менува вашите фотографии. Кога ќе ги поставите на социјалните мрежи таквите фотографии, бројните алгоритми нема да можат да направат успешно препознавање на лицето на фотографијата.

Fawkes не е апликација која го маскира вашето лице така што ви дозволува да прилепувате перики, очила, брада или други драстични визуелни елементи. Напротив, Fawkes користи процес за маскирање така што прави мали промени на сликите. Една таква „мала промена“ е со големина на еден пиксел, со што не може видливо да се промени сликата, но се чини сосема доволно за да се излажат алгоритмите за препознавање лица.

Целиот процес е заснован на неколку кратки чекори. Првин кликнете на Select Image копчето за да ја пронајдете сликата која сакате да ја маскирате, а потоа изберете Protect Selected Image. Маскираната слика ќе бида сочувата за минута во вашиот оригинален фолдер.

Fawkes е бесплатна алатка развиена од студентите од универзитетот од Чикаго. Би можеле да добиете предупредување од Microsoft Defender при инсталирањето на Fawkes, но немате причина за грижа. Програмот е безбеден за користење.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk