0 коментари 1 мин. читање 24 септември, 2020

Rocket League е бесплатна, а Epic ја одбележува транзицијата со купон од 10 евра

Rocket League, откачената и уникатна „фудбалска“ игра но со автомобили конечно стана бесплатна за играње. Доколку сеуште не сте ја пробале играте, сега е повеќе од одличен момент за тоа.

Иако играта можете бесплатно да ја проверите од кој било клиент, ние ви препорачуваме да одите со PC верзијата и од продавницата на Epic. Доколку го направите тоа и ја прикачите Rocket League на вашиот Epic акаунт, инстантно ќе добиете купон од 10 евра. Купонот можете да го активирате на која било игра поскапа од 15 евра.

За да ги зграпчите тие 10 евра потребно е да ја прикачите Rocket League на вашиот акаунт до 23 октомври. Играта меѓутоа не мора ниту да ја преземате ниту да ја играте. Моментно, на Epic Store сеуште трае распродажбата Creators Choice 2020, но доколку не најдете ништо тука, купонот можете да го искористите до 1 ноември.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top