ПроКредит Банка, во соработка со хуманитарната платформата #ДонирајКомпјутер, реализираше донација на 150 монитори, наменети за семејства ширум државата кои имаат потреба од пристап до дигиталниот свет, за непречена едукација и развој.
Донацијата ја нагласува важноста на достапноста на дигиталната технологија за секого, што е еден од главните постулати во работењето на ПроКредит Банка како комплетно дигитална банка. Со овој проект се придонесува и кон повисока свесност за создавање еднакви услови за образование за секого, но и за ре-употреба на техниката како еден од начините за справување со загадувањето.
Ре-употребата и рециклирањето на материјалите се длабоко вкоренети во корпоративната култура на ПроКредит Банка која на пазарот е позната како еко банка која има јасно развиена еколошка стратегија и ги почитува принципите на циркуларната економија.
#ДонирајКомпјутер е успешен пример за социјално ангажирана активност, во која активно се вклучува целата јавност, како и бизнис заедницата. ПроКредит Банка, како општествено одговорна компанија, во изминатиот период започна со активна вклученост во сегментот за социјална одговорност и поддршка на маргинализираните групи, креирајќи иницијативи и проекти со кои придонесува за одржлив развој на заедницата.