Станете попродуктивни со Productivity Owl

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб

Дали често ви се случува да започнете со работа на компјутерот, па само на „кратко“ да посетите еден веб сајт, само за да се изгубите во море од сајтови и со часови непотребно да губите време? Со Productivity Owl нема баш да можете така. Не не, по инсталирање на оваа екстензија, како дел од вашиот прелистувач ќе се вдоми осудувачко бувче коe постојано ќе ве опоменува дека премногу време посветувате на непотребни сајтови и дека мора да се вратите на работата.

Доколку претерате со користење некој сајт, бувот ќе земе и ќе ви го исклучи тој таб. Точно така, преку Productivity Owl ќе можете да блокирате или да дозволите посетување на одредени сајтови. Секој сајт што не припаѓа во една од овие две категории e константно на тајмер. И, по истекување на тајмерот, бувчето ви го исклучува табот и константно ви испраќа осудувачки погледи и пораки се додека не се вратите на работата.

Во случај да сакате да одморите малку покрај некој сајт, потребно е да го заслужите таквото нешто така што ќе исполнувате одредени продуктивни задачи. Паралелно со ова, ќе имате најразлични психолошки вежби кои ќе ви помогнат бувот да ве почитува повеќе, но, верувајте, здобивање на почитта на бувот не е мала работа и навистина треба да се потрудите за да дојдете на неговата добра страна.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments