HTC го претстави првиот Android со 64-битен процесор

во Мобилни

HTC Desire 510 е првиот Android телефон со 64-битен процесор, конкурент на Apple A7 процесорот вграден во iPhone 5S. Но, иако HTC најави моќен процесор, нивниот модел сепак е бескорисен во моментот бидејќи Android KitKat, на кој работи Desire 510, не е оптимизиран за 64-битни процесори. Телефонот треба да се надогради во Android L за да ја искористи технологијата, вели AnandTech.

Новиот телефон е само обид на HTC и на производителот на процесорот, Qualcomm, да покажат дека ја имаат најдобрата технологија. 64-битнииот 1.2 GHz Snapdragon процесор на Desire 510 е изработен со истата ARMv8 технологија како и Apple A7, но за да не биде прескап телефон, HTC му додаде 4,7 инчен екран со резолуција од 854×480 и само 1 GB RAM. Toa e штета бидејќи 64-битните процесори се дизајнирани да користат над 4GB RAM.

[youtube]xb2sYe8Dq34[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments