0 коментари 3 мин. читање 27 јуни, 2014

Прв поглед на Android L Developer Preview

Google ја најави следната веризија на Android оперативниот систем, а иако засега има уште многу време до нејзино официјализирање, девелоперите веќе имаат можност да се запознаат со Android L порано. Станува збор за верзија со ограничени можности, а не за целосен производ и е пред се наменета на девелоперите да им ги покажа насоката во која се движи оперативниот систем. Се чини дека клучен дел во изгледот на новата верзија на Android ќе има Material Design, кој доаѓа со сет 3Д елементи за крирање на кориснички интерфејс, овозможува анимација при 60 fps, сенки и креирање на леери кои се поставеи еден над друг, а се ова заедно ќе даде 3Д изглед на интерфејсот.

[youtube]GClBtZUIabQ[/youtube]

Еден од новитетите кои доаѓаат со Android L, е Project Volta алатка која овозможува подетален преглед на трошењето на батеријата. Ова во иднина ќе овозможи и понапредно управување со батеријата. Project Volta доаѓа со мод кој овозможува штедлива работа, па кога батеријата ќе се испразни под 15 отсто, се исклучуваат дел од опциите на Android L, и се овозможува подолготрајна работа на телефонот. Централна фигура во оваа верзија на Android е системот за нотификации кој е преработен и сега дел од нотификациите ќе бидат видливи и кога телефонот е заклучен. Корисникот сам ја мести приватноста за секоја од апликациите кои ќе ги испраќаат нотификациите на заклучениот екран. Едно повлекување надолу по екранот ќе ја отклучи функцијата за „брзи сетирање“, тука ќе бидат сместени опциите за WiFi, Bluetooth, опција за авион и опција за осветлување на екранот.

Сепак добар дел од промените за Android L ќе бидат „скриени“. Android L доаѓа со поддршка за 64-битни процесори, 5.000 нови API кои ќе им бидат достапни на девелоперите веќе наесен. Дополнително телефонот ќе може автоматски да се отклучи кога паметниот часовник ќе биде во негова близина.

[youtube]oMF6JIGhsH8[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top