Програма A1 WayUp – повик за дипломци кои се подготвени да работат со DATA

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

А1 Македонија ја започна програмата А1 WayUp преку која е во потрага по дипломци кои имаат познавање од областа Data science и Data analytics и кои се подготвени да го збогатат и надградат своето знаење и искуство преку работа на реални проекти.

Учесниците кои ќе работат како дел од тимот за Datascience потребно е да имаат основно познавање на концептите за машинско учење, SQL и Python. Data Аnalytics е наменет за кандидатите кои уживаат да работат со бројки, организирање и толкување статистички податоци и кои сакаат да работат на проекти поврзани со финансии, маркетинг автоматизација, логистика и набавки, како и анализа на податоци за корисничко искуство.

Кандидатите кои ќе станат дел од тимот А1 на ќе добијат можност да работат заедно со искусни ментори, професионалци во своето поле на работа кои ќе им пружат целосна поддршка и ќе го споделат своето знаење. Главната цел на менторот ќе биде да ги воведе новите членови на тимот во агилниот начин на работа, да ги разбере идеите и да креира архитектура на решенија кои ќе доведат до финален резултат и успешно завршен проект.

Програмата е платена и трае една година, со полно работно време од 40 часа. Можат да се пријават дипломци кои дипломирале во последните 12 месеци или кои годинава ќе ги завршат своите студии. Периодот за аплицирање трае од 12 август до 3 септември 2021 година, а сите заинтересирани кандидати може да се пријават на следниот линк и да започнат со A1 WayUp


Напомена согласно нашите етички принципи: А1 Македонија е долгогодишен клиент на компанијата која стои зад IT.mk – IWM Networkтекстот не е реклама туку проследување на соопштение за јавност кое IT.mk редакцијата смета дека ќе им е од корист на читателите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk