1 коментар 1 мин. читање

Професионално управување со фотографии со PhotoLab

При поставување фотографии на Facebook и Instagram, повеќето корисници често сакаат да ја доработат фотографијата и да наметнат импозантни ефекти. Во борба за епска претставителност и што повеќе лајкови, би можеле да посегнете по гигантот на Adobe, но доколку ниту сакате да плаќате огромна претплата, ниту пак да трошите време за правилно запознавање со алатката, би можеле да ги проверите потенцијалите на PhotoLab.

PhotoLab e една од подобрите алтернативи за површно, но квалитетно управување и менување на вашите фотографии, со елегантен интерфејс и изобилство од опции за инстантно уредување.

PhotoLab e апликација која е достапна за iOS, или Android. По преземање и вклучување на алатката, добивате пристап до над 900 ефекти за лична персонализација на фотографиите. Можете да монтирате, да вметнувате рамки, да прилепувате анимирани ефекти, како и да активирате едно чудо од интересни фото филтри.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top