Петта година по ред се одржи Code App Level Up. Станува збор за еден од најинтересните настани за млади инженери, дизајнери и претприемачи во организација на EESTEC LC Скопје.
Учесниците напорно работеа цела недела и на крајот од настанот можеа да ги претстават своите решенија. Финалето на овој настан доаѓа под препознатливото име „Get in the Ring“. Победник е тимот на Melius кој ќе оди на глобалното Get in the Ring натпреварување кое се одржува во јуни во Берлин. Тимот е составен од Димитар Бежановски, Милан Петровски од Битола, Филип Голабоски Струга и Маја Атанасоска од Прилеп, а нивни ментори се Томе Младински, Мартина Димовска и Јане Плавевски. Дел од наградите е и простор во кој тимот ќе може да продолжи да ја развива и имплементира својата идеја.
Второто место оди кај тимот на Startuvaj.mk, а третото е за тимот на Резимирани. Наградата за овие тимови е учество на регионалната ИТ конференција DigitalK во Софија, Бугарија, одноносно присуство на Spark.me во Црна Гора, како и простор во кој ќе можат да ја развијат идејата.
Настанот традиционално на младите инженери и дизајнери ги нуди истите или слични придобивки: да го надградат своето знаење и да работат на реални проекти кои подоцна можат да ги имплементираат во бизниси. Тема на настанот оваа година беше претприемништвото. На учесниците им помагаа ментори кои веќе се докажани стартапери и кои им помагаа во имплементација на идеите.
Покровител на настанот е Vip.
[…] крајот на април се одржа петтото издание на натпреварот Code App Level Up. Победник на натпреварот е тимот Melius составен од 4 […]
[…] Прочитај повеќе тука…IT.mk […]