Продукти на Google кои не ја доживеa својата слава

во Веб

Сите го знаеме Google како компанија која има огромни успеси позади себе, но има и огромни и не така успешни продукти кои порано или подоцна останале запишани во историјата. Во последната година од Google пензионираа неколку продукти, а во продолжение на овој текст ќе можете да прочитате и за многу други.

  • Прв на листата можеме да го сместиме Google X(2005 – 2005) кој не го дочекa ниту својот втор ден. Google X беше верзија на Google.com во стилот на Mac OS корисничкиот интерфејс. На крајот од страницата пишуваше „Roses are red. Violets are blue. OS X rocks. Homage to you.“.
  • Google Wave (2009 – 2010) требаше да го спои класичниот мејл со новите технологии како инстант пораките и друштвените мрежи. Но, кога за корисниците некои работи се прекомплицирани, сигурно и вие ќе се одлучите на ваков чекор и ќе го изгасите сервисот.
  • Video Player (2005 – 2007) беше десктоп апликација за пуштање на Google video датотеките. Но, изгледа дека на светот не му требаше уште еден софтвер кој само ќе им зафаќа меморија.
  • Wiki Search (2008 – 2010) го претвараше Google Search така што најавените корисници можеа да гласаат за резултатите што ги добиваат или да ги отстранат тие што не им се допаѓаат.
  • Google во 2007-ма година купи сервис за микроблогирање и го крсти Jaiku (2007 – 2009), бидејќи голем дел од постовите беа во хаику стил. Не успеа со овој проект, па го отвори кодот и престана да го развива.
  • Google Page Creator (2006 – 2008) како што кажува и самото име беше алатка која им помагаше на корисниците да создадат своја веб страница. Во 2008-ма година кога Google видe дека премногу работи се натрупени на едно место, се решија да се пренасочат на Google Sites кој имаше иста намена.
  • Dodgeball (2005 – 2009) е уште една друштвена мрежа која ја купи Google. Основачот на тој проект го напушти Google и го формираше денес популарниот Foursquare. Локацискиот сервис ја има истата намена која ја имаше и Dodgeball.
  • Google Audio Ads (2006 – 2009) покрај стандардните реклами што го нудеше, се впушти и во водите на аудио огласувањето. Ова не се покажа како најдобар начин за реклама, па од компанијата го повлекоа таквиот вид на огласи.
  • на Google претставуваше прокси сервер кој се користеше да го редуцира пристапот до веб преку технологијата за кеширање. Имаше некои багови и проблеми со приватноста, па и тој замина во историјата.
  • Google Notebook (2006 – 2009) беше веб-базиран бележник кој им овозможуваше на корисниците да пишуваат, зачувуваат и споделуваат текстови, линкови и слики во својот личен бележник. Оваа опција беше заменета со Google Docs, или сега веќе Google Drive.
  • Google Answers (2002 – 2006) може слободно да се каже дека беше извор на информации за мрзеливите луѓе. Корисниците можеа да постават прашање за чиј одговор плаќаа од 2 – 200 долари. Но, изгледа дека корисниците се одлучија за бесплатниот метод на Yahoo Answers.
  • Google Catalog (2002 – 2009) им овозможуваше на корисниците да ги прелистуваат каталозите кои од Google ги имаа скенирано. Откако сите компании си отворија свои веб-сајтови и таму ги претставуваа своите продукти, скенирањето повеќе немаше смисла.
  • Google Buzz (2010 – 2011) беше само уште еден обид на Google да им се приближе на Twitter и Facebook. Замислен да им овозможи брзо и лесно споделување помеѓу Google корисниците, дојде до пропаст поради проблеми со приватноста. Ова беше само уште една пропаст на Google во полето на друштвените мрежи.

Ова се само еден дел од продуктите на Google кои не ја доживеале својата слава или траела прекратко. Сигурно има уште, па доколку некој ви дојде на памет, слободно споделете го во коментар.

Гледајќи ја листата сигурно повеќето од вас ќе се запрашаат како Google, кој има толко многу лоши идеи, се уште е една огромна профитабилна компанија. Сигурно пребарувањето било случајна и успешна грешка. Но, успехот на Google е во тоа што може да си дозволи експерименти. Доколку некој експеримент успее тогаш тој станува продукт кој се користи од милиони корисници, доколку не, тогаш се учи од грешките.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Киро Велковски

Ако не пробаш од каде ќе знаеш дека нешто ќе ти успее? Напред Гугл, и онака има куп пари за експериментирање :)