0 коментари 1 мин. читање 5 септември, 2012

Дали друштвените мрежи го менуваат нашето мислење за себе си? (инфографик)

Колку сме нарцисоидни? Одговорот на ова прашање може да го добиеме од времето кое го поминуваме на друштвените мрежи. Според инфографикот на PsychologyDegree.net, друштвените мрежи не само што ни одзимаат најмногу време, туку нѐ менува и како мислиме за себе си. Корисниците една од пет минути ги поминуваат на друштвените мрежи како Twitter и Facebook. На секои 24 часа, повеќе од 250 милиони слики се споделени од корисниците до своите 245 пријатели во просек, додека дури 90 проценти од луѓето (истражувањето е спроведено во Америка) мислат дека останатите споделуваат премногу информации за себе си.

Од инфографикот подолу ќе можете да забележете и дека корисниците се почесто се споредуваат со своите пријатели. Затоа нималку не е изненадувачки фактот дека корисниците со високо ниво на нарцисоизам поминуваат дури 1 час/дневно на Facebook.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top