3 коментари 1 мин. читање

Земја на информатичари: Учениците од прво до осмо ќе учат програмирање… во Естонија

Oд конзументи до развивачи на софтвер. Ова е целта на проектот ProgeTiiger на естонската фондација Tiger Leаp со кој се воведува програмирање во основните и средните училишта, почнувајќи уште од првото одделение.

„Интересот на студентите да користат модерни технологии се зголемува секоја година. Но, промената во наставната програма да воведе интензивно компјутерско учење води кон намалување на часовите.“, вели Аве Лаурингсон од Tiger Leap фондацијата. „Програмата на ProgeTiigri креира наставeн план кој бара од студентите да се развијат од конзументи на софтвер во развивачи на софтвер.“

Програмата ќе започне од основните училишта, а учителите од пилот училиштата, кои ќе ја тестираат програмата, веќе од овој месец се обучуваат за настава. Од следната година ќе се воведе програмирање и во средните училишта. Целта е за година-две сите јавни училишта да се приклучат на програмата.

Естонија со 1,3 милиони жители е една од најразвиените ИТ земји во Европа и светот, со функционални е-влада сервиси и над 78 отсто од населението кое е поврзано на Интернет. Естонија е често споменувана како пример и од македонските власти во контекст на развивање на е-услуги.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top