0 коментари 2 мин. читање 25 јуни, 2020

Прочитајте бесплатна приказна на Џ. К. Роулинг

Џ. К. Роулинг, писателката најдобро позната по книгите со Хари Потер, е свесна дека пандемијата е особено тешка на децата. Поради тоа, реши нејзината детска приказна The Ickabog да ја направи бесплатна на следниот сајт.

Со години, The Ickabog трпеливо го чекала вистинскиот момент во таванот на писателката. Приказната никогаш не била објавена, но со целата моментна ситуација каде децата се принудени да седат дома, Џ. К. Роулинг решила да направи целосна ревизија, целосно да се посвети на секое поглавје и преработени да ги објавува на сајтот. Моментно се објавени 46 поглавја, а доколку често го посетувате сајтот, ќе забележите дека релативно брзо се поставуваат нови поглавја.

Паралелно со ова, се одржува натпревар каде Џ. К. Роулинг дава предлози какви илустрации би можеле да се нацртаат во книгата. Потоа, сите заинтересирани можат да го илустрираат тоа и да се напреваруваат нивното дело да се најде во физичката копија на книгата, планирана да излезе во ноември. Планирани се 34 илустрации, а изборот ќе биде направен по 17 јули. Некои од илустрациите веќе можат да се видат на сајтот.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top