0 коментари 1 мин. читање 25 јуни, 2020

Разгледувајте разгледници испраќани за време на Првата Светска Војна

За време на Првата Светска Војна, единствен начин на комуникација помеѓу војниците и нивните семејства биле разгледници.

Return to Sender Map е вебсајт каде добивате пристап до мапа преку која не само што можете да го гледате патот низ кој патувале разгледниците туку и да читате најразлични податоци поврзани за нив. Од една друга локација, имате пристап до архива од разгледници кои биле купувани во тој перид, како и пораките кои биле пишувани од задната страна.

Проектот е овозможен благодарение на архивата Europeana 1914-1918. Со посетување на сајтот и кликнување на линкот за интерактивна мапа, можете дополнително да ги филтрирате податоците според година, земја, град и други критериуми.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top