0 коментари 2 мин. читање 3 ноември, 2017

Претворете го вашиот Android телефон и таблет во мини Windows 10 компјутер

Порано или подоцна, повеќето сопственици на Android напојуван телефон или таблет посакале нивната околина да изгледа како Windows 10 оперативниот систем.

Апликацијата Computer Launcher се стреми да го овозможи токму тоа, до одреден степен. Она што Computer Launcher прави, е релативно успешно претопување на Android launcher-от во целосно функционална Windows околина. Со еден тап го отворате Start менито преку кое добивате увид и пристап до сите апликации, а, за навигација низ бројните податоци, имате на располагање фајл менаџер во стил на познатата Explorer верзија. Со цел да се понуди што по веродостоен изглед, ќе наидете и на Recycle Bin и бројни други ситни работи кои допринесуваат до исклучително силна илузија.

Имајте во предвид дека апликацијата бара бројни дозволи, како и пристап до сите фајлови и целосна историја на направата, но доколку сте во ред со ова, шансите се дека ќе бидете прилично импресионирани од вашата нова работна околина.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top