Притисокот на корисниците ја намали цената на батеријата на Apple

Поправките на батериите на iPhone, наскоро ќе бидат поевтини, објави Apple. Поправката на батеријата од 79 долари колку што чини чинеше пред поевтинувањето, ќе се намали на 29 долари. Иако оригинално, цената на батеријaта требаше да се намали во јануари, Apple сега најави дека промената стапува на сила веднаш.

„Очекувавме дека ќе ни биде потребно повеќе време, сепак радосни сме што може на нашите корисници да има понудиме пониска цена веднаш. Првичните количини можеби ќе бидат ограничени“, пренесува Axios.

Цената на замената важи за телефоните кои веќе не се под гаранција. За уредите под гаранција батеријата сè уште се менува бесплатно. Промената се чини дека доаѓа под притисок на корисниците. Иако голем дел од корисниците се сомневаа дека Apple ги забавува постарите телефони кога излегува нов уред, ова е прв пат некој да излезе со доказ за забавување на телефоните иако нема врска со ова тврдење. Причината за забавувањето е дотрајаноста на батеријата, па Apple го успорува уредот за да го оптимизира корисничкото искуство. Ова го откри корисник на Reddit кој неодамана имаше непријатно искуство со батеријата.

„Телефонот ми беше многу бавен последните неколку недели,  пробав да го надградам софтверот неколку пати, но сè уште беше бавен. Го пробав телефонот на брат ми и беше побрз од мојот. Вака знаев дека нешто не е во ред“, вели корисникот на Reddit, TeckFire.

Откако потврдата за ова дојде и од Apple, компанијата се соочи со неколку тужби од незадоволни корисници. Причината за незадоволството е недоволната информираност. Па голем дел од корисниците наместо да ја поправат батеријата купиле нов телефон. Три тужби веќе се пред судовите во САД, но дали најавата за поевтин сервис ќе ги одобровили тужителите, па ќе ја повлечат тужбата или ќе се спогодат останува да видиме.

Apple дополнително објасни поради што и како компанијата ја намалува брзината на својот телефон. Главната причина за ова е корисникот да не остане наеднаш без телефон, во тек на некој разговор или додека се подготвува фотографира.

Дополнително, на почетокот на 2018 година за сите корисници на телефоните, на iOS ќе пристигне корисна надградба. Корисникот ќе може да провери и да види како изгледа „здравјето“ на батеријата. Со оваа алатка, корисниците многу подобро ќе се информираат за причината за тоа зошто телефонот е побавен.

Причината за потегот е реакциите од јавноста, предизвикани од признанието дека компанијата ги забавува телефоните кога батеријата е дотрајана.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments