За да ги забави протестите, Иран го исклучи интернетот

Властите во Иран се обидуваат со блокирање на пристапот до друштвените мрежи да ги прекинат протестите. Десетици илјади протестираат во целата држава. Протестите се најголеми во последните 10 години, а траат речиси недела. Досега има најмалку 20 жртви, јавува Washington Post. Уапсени се и над 450 демонстранти, а оваа бројка најверојатно ќе порасне денес.

Засега се блокирани Instagram и апликацијата за текст пораки Telegram. Претходно и Telegram самиот блокираше еден од каналите на апликацијата, откако се појавија повици за употреба на молотови коктели против полицијата.

„Непријателите сакаат повторно да креираат нова приказна и да ги ги искористат економските проблеми и друштвените мрежи за да поттикнат нов револт“, вели Ајатолахот Мохсен Араки.

Властите во обид да го намалат бројот на демонстранти го прекинаа пристапот до друштвените мрежи. По појавувањето на видеа од протестите, на дел од плоштадите е прекинат и интернет сообраќајот до мобилните телефони. Сепак ова не помогна, и дел од демонстрантите новата година ја пречекаа протестирајќи на плоштадите.

Протестите се насочени против властите во Исламска Република Иран и против свештеничката елита. Незадоволството започна поради лошата економска состојба, но се чини дека продолжува како барање за менување на државното управување. Дел од демонстрантите побараа симнување на врховниот лидер Ајатолахот Али Хаменеи.

Поддршка до демонстрантите пристига од дел од иранската дијаспора. Протести се одржуваат пред амбасадите на Иран во повеќе градови.

Во Иран пак приврзаниците на власта организираат контра протести.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk