0 коментари 2 мин. читање 2 јануари, 2018

Криптовалутата Ripple го надмина Ethereum

По растот од 56% во последниот петок од 2017 година, Ripple го надмина етериум Ethereum, и сега има втор најголем удел во пазарот на криптовалути. Криптовалута чини 2.23 долари, а на неа отпаѓаат 86.3 милијарди долари од вкупниот дел крипто валути.

Претходно Ethereum беше зад биткоин по вкупната цена на пазарот на крипто валути. Сепак по растот на рипл, криптовалутите си ги променија местата. Ethereum е на трето место со вкупна вредност од 72.8 милијарди долари.

Биткоин останува најголема криптовалута. На вредноста на вкупниот број на биткоини отпаѓа дури 41% од пазарот на крипто валути.

https://www.youtube.com/watch?v=vsEVF4LV_gI

Цената на 1 Ripple е околу 2 долари. Дигиталниот токен го креираа стартап од Сан Франциско и треба да овозможи blockchain технологија за трговија на банките. Една од предностите на рипл е брзото време на трансакција, од само 4 секунди. За Ethereum засега се потребни околу 2 минути, а за биткоин 1 час. Над 100 банки веќе ја користат мрежата за наплата нa рипл, вели Digital Trends.

Со исклучок на Ripple, кој е ретката криптовлута која има добра недела, со другите ситуацијата не е најдобра. Најголем дел продолжуваат со падот. Цената на биткоин викендот беше 13.000 долари, што не е малку во споредба со цената од пред една година, но е далеку под рекордот поставен пред само неколку недели од речиси 20.000 долари.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top