0 коментари 2 мин. читање 29 март, 2012

ЕУ ги намали роаминг цените и покрај незадоволството на операторите

Од јули оваа година сите мобилни оператори во Европската Унија ќе мора да ги намалат цените на роаминг услугите. Според тоа што е одобрено од Парламентот корисниците ќе плаќаат максимално 29 евро центи (17,8 денари) за повик, односно 70 евро центи (43 денари) за мегабајт.

„На корисниците веќе им е смачено да плаќаат илјадници евра за роаминг услуга.“, вели евро-комесарката Нели Крус.

Оваа одлука на Европскиот парламент беше очекувана бидејќи е дел од европската Дигитална Агенда која за крајна цел ги има модернизирање на општеството и овозможување на брз и ефтин интернет пристап за секого. Намалувањето на роамингот цените со тешко срце беше прифатено од европските оператори, бидејќи роамингот е една од најпрофитните услуги.

Од јули 2014-та европските корисници ќе можат да избираат и различни оператори кога се во странство. Овие новини ќе им овозможат на европјаните слободно да користат интернет услуги ширум Европа, без да се ограничуваат на својата држава со што ќе ја забрзаат дигиталната економија и разбојот на нови веб сервиси.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top