Пристигна Internet Explorer 8

во Софтвер

{mosimage}Microsoft денеска го објави новиот прелистувач Internet Explorer 8, кој е достапен за симнување од нивниот сајт, но доколку имате оригинална лиценцирана верзија на Windows. IE 8 ќе биде достапен за симнување од 9 часот според американското пацифичко време, што кај нас се преведува како 15 часот. По скоро една година бета тестирање, новиот прелистувач на Microsoft ќе биде достапен како за Vista така и за Windows XP.

IE 8 се очекува да ја задржи доминацијата на IE на пазарот – 72%, најблиску е Mozilla Firefox со 18, Chrome на Google 3% и Opera и Safari на Аpple по 1%, последниот и покрај тоа што неодамна беше објавена нова верзија, на натпреварот за хакирање се покажа како најранлив и лесен за пробивање. Процентите зависат од каде ги читате информациите бидејќи различни агенции кои го истражуваат ова даваат различни информации кои варираат +- 3%, но во секој случај јасна е доминацијата на прелистувачот.

IE 8 се очекува да биде солиден прелистувач, нормално со нови опции, како „забрзувачи“ што овозможува да селектирате текст и со десен клик да добиете мени со термини од други сајтови како Facebook, eBay… но пред се солиден прелистувач за да може да си го задржи својот дел од пазарот бидејќи Microsoft е под се поголем притисок од конкурентите и американски и европски владини тела против монопол, за да го продава Internet Explorer одвоено од Windows, поради што всушност и ја имаат доминантната позиција на пазарот.

Microsoft рече дека новиот оперативен систем Windows 7 ќе има опција да се исклучи IE, но тоа ќе почека до наредната година кога е планирано да се објави W7.

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk