Неколку сервиси за да објавите своја книга

во Совети

{mosimage}Текстов е преземен од Mashable, и е доста интересен и корисен. Овие сајтови ќе можат да ви помогнат да ја објавите и промовирате вашата книга. Овие сервиси можат да ви помогнат и да си ја дизајнирате книгата и да си нарачете копии. Бидејќи не е наша содржина само ќе ги набројам сајтовите кои ги препорачуваат од Mashable. Доколку сте заинтересирани за целиот текст, тука.

Lulu.com – овој сервис ќе ви овозможи да си креирате онлајн верзија на вашата книга, освен што ќе си ја „закачите“ соржината онлајн, ќе може да си направите корици па дури и видео и аудио презентација на вашата книга. Книгата кога ќе сакате да ја објавите, според цената и опциите што ги нуди Lulu може да се појави на Amazon, Google Book Search, како и да се најдете во категории со слични книги како вашата. Lulu има целосен водич за сервисот кој можете да го прочитате на нивниот сајт.

{mosimage}

Blurp.com – Овој сервис има интересна опција: кога ќе одберете вашата книга да биде јавна и да се најде на сајтот на Blurp, можете да ги понудите први 15 страници како преглед на книгата. Blurp нуди и бесплатен софтвер за дизајнирање на книгата. Повеќе информации за како работи Blurp тука.

{mosimage}

CreateSpace.com – ова е сервис на Amazon, најголемиот онлајн издавач/продавач на книги, така да полесно и побрзо вашата книга може да се појави на Amazon. Овој сервис овозможува и Кindle формат на книгата. Kindle e новиот е-читач на Amazon, уред кој набргу ќе ги замени хартиите и книгите.

{mosimage}

CafePress.com – на кратко CafePress e онлајн продавница за се и сешто, како и за книги. Предноста е што не треба да бидете член за да објавите книга.

{mosimage}

WeBook.com – повеќе друштвена мрежа за писатели отколку издавачки веб сајт. Проблемот тука е што вашата книга мора да добие рејтинг, но можете да разговарате за неа, да се промовирате или да се дружите и соработувате со другите писатели. Има вметнат едитор за текст на сајтот.

{mosimage}

Xlibris.com – ова е сервис со кој процесот на објавување започнува со консултант со кој разговарате како сакате да изгледа вашата книга. Тие потоа го изработуваат дизајнот и доколку ви се допаѓа, можете да ја објавите.

{mosimage}

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments