Пристап до сите онлајн алатки од едно место со Station

0 коментари 1 мин. читање

Стандардниот корисник има константна потреба по често отворање одредени сајтови. Само денеска, колку пати проверивте пошта на Gmail, честитавте родендени на Facebook, го листавте Twitter, комунициравте преку Telegram, или споделувавте фајлови преку Google Drive? Немојте да нѝ кажете дека тоа го правите преку постојано отворање на истите веб сајтови?

Station е бесплатна апликација која ги обединува сите вакви онлајн апликации и ви нуди пристап од една појдовна точка. Сите апликации се организирани во соодветни категории, а доколку сакате, можете да вметнете ваши, дополнителни апликации кои не се официјално поддржани од Station.

Во моментот кога ќе ја средите станицата според ваш вкус, можете да одберете за кои апликации да добивате известувања, како и да управувате со повеќе акаунти за одредена услуга, што е одлично доколку имате, да кажеме, повеќе мејлови на gmail. Доколку отворите неколку страни во апликацијата, Station автоматски ќе ви ги групира, а со тоа, ќе овозможи многу полесен пристап до истите.

Station Reviews 2020: Details, Pricing, & Features | G2
Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top