2 коментари 2 мин. читање 26 јули, 2023

Прилагодете го осветлувањето на екранот со Brightness Wheel

Додека сте пред компјутер, може да се случи да имате потреба да го намалите или зголемите осветлувањето на вашиот екран. Процедурата за тоа е многу едноставна, но се состои во неколку чекори и знае да биде здодевен процес ако постојано ја применувате. За таа цел, има одредени програми кои автоматски, во одредени часови од денот ја менуваат, односно зголемуваат осветленоста. Но, на некои корисници ни тоа не им одговара. Некои корисници сакаат во кој било момент со еден потег да го направат тоа. Тука стапува на сцена алатка која се вика Brightness Wheel.

Со Brightness Whееl го регулирате осветлувањето на екранот со тркалцето од вашето глувче. Може да наместите во паралела со комбинација од копчиња, тркалцето да ја зголемува светлината кога оди на една страна, а да ја намалува кога оди на друга. Или пак, кога стрелката од глувчето е над лентата со задачи (taskbar), само тогаш да можете да ја регулирате светлината со тркалцето, а секојпат кога не е стрелката на таскбарот, тркалцето да си работи нормално. Вакви комбинации се можни и кога стрелката се наоѓа во некој од аголите.

Може да се одличите со која било комбинација, а секојпат кога ќе ја имплементирате ќе добиете визуелен приказ за можности за прилагодување. Алатката можете да ја преземете од следниот сајт!

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
GetSchwifty
GetSchwifty
2 years ago

Сепак Monitorian и Twinkle Tray се подобра алтернатива.

Мени
Заедница
Изглед
To top