- Ко-основачот на AliBaba и AliExpress– Џек Ма – го посети Скопје и се прошета на скопскиот кеј, а беше и на ручек во Soul Kitchen. Џек Ма е е четврти најбогат кинез и еден од најбогатите жители на планетава со богатство од над 38 милијарди долари. Освен во Скопје, Ма бил забележан и во Белград, Тирана и Сараево. Останува времето да покаже дали се работи за туристичка прошетка на Балканот или за потенцијална бизнис зделка… прочитај повеќе.
- Агенцијата за заштита на личните податоци утврдила низа неправилности во процесот на дигитализација на матичните книги. Според нив, постоји голем потенцијал за злоупотреба на личните податоци на граѓаните. Не се открива колкав број и кои податоци биле изложени на ризик. Одговорните тврдат дека нема масовна злоупотреба на личните податоци, но со оглед на фактот дека не биле предвидени соодветни заштитни мерки за зачувување на приватноста, оваа изјава не делува толку уверливо.
- Google Bard, АI четботот, сега е достапен и во Македонија. Неодамна, Google изјави дека вештачката интелигенција која е силен противник на chatGPT, сега е достапна во преку 50 земји низ светот, вклучително и Македонија. Сепак, македонскиот јазик е се уште неразбирлив за Bard, па користењето треба да биде на англиски или некој од поддржаните јазици. прочитај повеќе
- Македонија и Црна Гора заедно ќе аплицираат во Paypal откако се донесе новиот Закон за платежни системи, постои реална можност за целосна достапност на Paypal во Македонија. Во процесот за аплицирање, ќе се приклучи и Црна гора и двете земји заедно ќе настапат пред Paypal. прочитај повеќе
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови