1 коментар 2 мин. читање 7 мај, 2024

Прилагодете ја јачината на звукот со JustScroll

Секојпат кога сакате да ја прилагодувате јачината на звукот кога, на пример, гејмате, потребно е или да го правите тоа од опциите на самата игра, или да ја минимизирате играта па да одите преку икона во десниот долен агол, или пак преку користење соодветни кратенки на тастатурата. Иако немаме ништо против некој од овие начини, сепак сметаме дека се крајно неинтуитивни и, со самото тоа, ја кршат имерзивноста при играњето.

JustScroll е мала едноставна апликација која ви дозволува да ја прилагодувате јачината на звукот така што го држите копчето Windows и скролате со тркалчето од глувчето. Лесно, брзо и ефикасно!

„Како Windows power user, една работа што секогаш ми пречеше е колку се лоши аудио контролите.“, објаснува авторот зад алатката и додава дека аудио звукот е „толку важен и штета е што менувањето на јачината на звукот на Windows е непотребно искомплицирано. Верувале или не, голем дел од луѓето го имаат оваа прифатено, а, да бидат работите полоши, ништо не се менува ни во Wndows 11.“

JustScroll не чини ни 2 евра. Доколку со години и на вас ви пречи немање подобри контроли за прилагодување звук, би можеле да ја проверите апликацијата на Едуард Георгиев.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
crossfire_hurricane
crossfire_hurricane
2 years ago

Интересно. Со 7+ Taskbar Tweaker имавме taskbar scroll ама за другиве мора да се ограничиш на тастатура со мултимедија копчиња

Last edited 2 years ago by crossfire_hurricane
Мени
Заедница
Изглед
To top