Пријавете се на Hash Code 2020

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

Web Factory и Netcetera ве покануваат во своите хабови на 20.02.2020 да се приклучите на Hash Code 2020. Hash Code е тимски, програмерски натпревар организиран од Google, за студенти и професионалци од целиот свет. Тимовите имаат целосна слобода за избор на својот тим од 2-4 членови, како и за избор на програмскиот јазик, а Google бира инженерски проблем кој треба да биде решен. Тимот може, но не мора да биде на иста локација, но сепак компетитивноста, ентузијазмот и забавата се многу поинтензивни кога се натпреварувате во официјален Hash Code Hub.

Настанот повторно е поделен на два дела:

  • Online Qualification Round кој почнува на 20ти Февруари од 18 часот. Во овој дел онлајн тимовите можат да учествуваат од каде сакаат.
  • Final Round е вториот дел, односно финалето, каде најдобро рангираните тимови од првиот квалификациски дел се поканети во Google Даблин, Ирска за вториот дел од натпреварот каде се натпреваруваат решавајќи нов предизвик, заедно со најдобрите од цел свет. Финалето се одржува на 25ти Април, а најдобрите тимови добиваат парични награди.

Македонија може да се пофали со солидни резултати од Hash Code 2019, кога два тима од Скопје се квалификуваа за финалето во Даблин, и беа помеѓу 30-те најдобри. На финалето во Даблин, двата тима беа помеѓу најдобрите на 23то и 33то место. Тимовите беа од двата регистрираните хабови во Web Factory и Netcetera. Исто така на финалето во 2018та година, тимот на Netcetera освои 9то место во светот.

Токму најдобрите, тимовите од Web Factory и Netcetera повторно годинава ги отвараат своите канцеларии во Скопје за овој натпревар и дружење. Ги покануваат сите ентузијасти за решавање програмерски предизвици да им се приклучат во нивните регистрирани хабови.

Повеќе информации на следниве линкови: Web Factory и Netcetera.

Регистрација на тимови: g.co/hashcode

Избор на hub: g.co/hashcode/hubs

Датум: 20-ти февруари, 2020

Време: 18:00

Пожелно е учесниците да си понесат со себе свој лаптоп и полнач.

Учеството е во тимови кои можат да се состојат од 2 до 4 членови, каде еден од членовите мора да биде назначен за одговорен за тимот.

За сите заинтересирани тимови од Битола, годинава има регистриран хаб во канцелариите на Inellipse.

Повеќе информации од претходните предизвици и детали за регистрацијата може да најдете на овој линк.

Регистрирајте го својот тим, изберете еден од хабовите и Code like you mean IT!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments