PearlMountain e компанија која веќе има одлично воспоставена репутација со нивните продукти. Не толку одамна, пишувавме за FlexClip – флексибилна алатка за правење импресивни презентации. DesignCap, меѓутоа, е веб сајт кој се стреми да ги олесни вашите напори во правење впечатливи графички дизајни.
Независно од вашата професија, DesignCap ќе ви помогне да го проширите гласот за вашиот бизнис или настан така што ќе ви понуди илјадници веќе подготвени урнеци. Штом ја одберете категоријата која највеќе ви одговара, го пронаоѓате најсоодветниот урнек, го пишувате текстот поврзан за вашиот бизнис и го преземате дизајнот. Со преземеното, можете да правите што сакате; доколку се флаери, можете да ги испечатите, па делите или пак да ја споделите дигиталната верзија на социјалните мрежи.
Во поглед на рекламирање, имате на понуда бројни урнеци за инфографици, извештаи, постери, флаери, како и лого, карти, брошури, па дури и правење мени-а и огласи за Facebook. Во поглед на подобра интеракција со социјалните мрежи, имате категории за вашиот YouTube канал, но и за максимално уредување и споделување на Facebook, Twitter, или Tumblr.
Целиот процес функционира во четири чекори. Одбирате урнек, вметнувате ваш текст или фотографија во урнекот, го сочувувате дизајнот на компјутерот и, на крај, го споделувате со светот. Целата интеракција е крајно едноставна. Се ви е сервирано и бара мал фокус и влијание од ваша страна. До саканиот резултат доаѓате исклучително брзо, а не мора да имате апсолутно никакви предзнаења. Преземениот дизајн може да биде во различни големини и во неколку формати. При нашето тестирање на алатката, се случуваше некои дизајни да не се сочувуваат со сите елементи. Во случајот на горната слика (Купи едно, земи едно џабе), сочуваниот дизајн беше без црвените и жолтите кругови. Она што моравме да направиме е да ги поништиме сите измени, одново да го избереме дизајнот, па повторно да го пополниме со саканите податоци. Ваквото нешто е исклучително ретко, но нѝ се случи во два наврати.
Кога ќе се земе се во предвид, исклучително сме задоволни од алатката. На располагање имате бесплатна верзија, но таа е со исклучително ограничен број на урнеци. Ограничувањата не завршуваат тука. Можете да поставите само пет слики и да сочувате само до пет дизајни. Згора на тоа, сочуваниот дизајн може да биде само во JPG. За максимално уживање во сите предности, потребно е да изберете основна или плус претплата. Основната претплата ги отклучува сите урнеци и помошни средства кои доаѓаат со алатката и ви дозволува флексибилни можности за манипулација со дизајните. Но, чини 9 долари месечно. 5 долари доколку решите да се претплатите на цела година. Наш совет е, доколку имате потреба од создавање вакви дизајни, дефинитивно да ја пробате бесплатната верзија. Би можеле да заклучите дека цената која се бара за максимално уживање во DesignCap, можеби и не е толку висока.
DesignCap нѝ беше препорачан од претставник на PearlMountain, компанијата која стои зад алатката.