VLC за iOS се врати; сега може да гледате видеа во било кој формат на iPhone и iPad

2 коментари 1 мин. читање

Поминаа две години откако VLC беше тргнат по своја иницијатива од Apple App Store поради проблеми со лиценците. Но, сега популарниот видео плеер се врати, а со него се враќа и можноста да гледате видео и слушате музика без врска на форматот на фајловите. iOS апликацијата ги поддржува сите формати како што ги поддржува и десктоп апликацијата.

Со новиот VLC за iOS сега ќе може да префрлите филм на вашиот iPhone или iPad преку URL, Wi-Fi синхронизација или од Dropbox со кој пристапувате на фајловите во облакот. Го тестиравме симнувањето преку Wi-Fi и имавме доста проблеми со симнувањето на филм од 700 MB, се додека се сфативме дека апликацијата треба да биде постојано отворена. Ако ви се заклучи телефонот, ќе се прекине и синхронизацијата. Но, тоа што е добро е што апликацијата поддржува и преводи доколку ви се потребни, a има и опции за средување на квалитетот на видеото како контраст, светлоста и друго.

Проблемот со лиценците е решен така што VideoLAN, компанијата зад софтверот, се префрли на Mozilla Public Licence v2 и GPLv2, што дозволува дистрибуција на App Store. Софтверот е комплетно бесплатен и со отворен код.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top