Prezi, унгарски сервис за креирање несекојдневни и кул презентации, објави дека ја надмина бројката од 10 милиони корисници, и претстави алатка за импортирање на PowerPoint презентации.
Сега, со новата опција за импортирање на PowerPoint презентациите, ќе може да ги извлечете слајдовите и да креирате кул и интересна Prezi презентација кои ќе ве истакнат меѓу другите колеги на работа или на факултет. Едноставни се за креирање и уникатни со своето зумирање и движење на сликата, функционалности поради кои Prezi стигна до 10 милиони корисници, двојно зголемувајќи го бројот за само шест месеци.
Импортирањето ги поддржува .ppt и .pptx фајловите. За користење на Prezi ќе ви е потребна нивна апликација, а има и можност за преглед на презентации за iPad. Постои можност при импортирање да се изгубат мултимедијалните парчиња содржина од PowerPoint презентацијата, или да добиете хаос, но тоа е цената за да се биде покул од другите.
[youtube]hTbq1tAbHss[/youtube]







