0 коментари 2 мин. читање 3 март, 2023

Бесплатно создавајте презентации, постери, логоа и впечатливи постови за социјални мрежи со Polotno Studio

Често пати кога ќе се започне дискусија за визуелно-импресивни постови, флаери и постери, Canva е алатката која се споменува. Но, Canva не е целосно бесплатна алатка и за одредени понапредни функции, односно дизајни, потребно е да се претплатите.

Polotno Studio е целосна бесплатна алтернатива на Canva и доколку и пружите шанса, ќе забележите дека воопшто не е за потценување. Првиот оддел – Templates е воедно и најважниот затоа што тука ќе најдете урнеци на најразлични теми. Како одите надолу, така листата од урнеци дополнително се проширува. Наместено е да се прикажуваат дизајни од слична големина, но доколку големината не ви е важна дештиклирајте ја опцијата Show templates with the same size.

Откако ќе изберете одреден урнек, можете да го менувате текстот, главната слика, дополнителните елементи кои го красат дизајнот, како и боите кои се употребени за позадината. Во ситуација да е потребно да направите презентација или флаер, можете да го дуплирате истиот урнек преку копчето Duplicate Page или да вметнете некој целосно друг со опцијата Add page. Штом сте задоволни со сработеното, кликнете на копчето Download за да го преземете, а потоа и споделите преку соодветните канали.

Горе-напишаното беше како најбрзо да дојдете до финалниот производ. Во случај да сакате поголема слобода при дизајнирањето, одделот Text ви дозволува да вметнувате најразлични фонтови и впечатливи дизајни на параграфи, а одделот Photos ви дозволува да поставите некоја слика од Unsplash. Преку одделот Icons, прилепувате најразлични икони, а преку Shapes – најразлични форми. Тука некаде можете да се играте и со позадини, слоеви и ред други работи, а преку алатката Upload можете да поставувате ваши елементи.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top