1
Преземета ја првата .мк архeолошка електронска монографија
Објавена под Creative Commons лиценца, „Античкиот град на Исар – Марвинци кај Валандово“, од д-р. Викторија Соколовска, е првиот македонски електронски научен труд од областа на археологијата и културното наследство. Трудот се однесува на локалитетот Исар кај Валандово кој откри резултати кои „во голема мера ги изменија дотогашните сознанија, знаења и констатации кои владееја дотогаш во археолошката науката. Се создадоа услови кои овозможија да се испита културниот развој на Повардарјето во вековите на I милениум пр. н.е., што доведе до состојба да се поврзат и објаснат, дотогаш недоволно јасните појави во постарото железно време и раната антика на нашата земја."