Преземајте видеа од социјални мрежи со SocialSnapper

0 коментари 1 мин. читање

Како постојани гости низ социјалните мрежи, често се случува да наидете на некое интересно видео. Нивното преземање не се охрабрува од самите социјални сајтови и, обично, она што треба е да побарате помош од некоја трета алатка.

SocialSnapper ви дозволува да преземате видео материјали од Reddit, Twitch, YouTube, Twitter и Instagram.

Откако ќе го отворите веб сајтот преку вашиот прелистувач, ќе ги забележите петте табови. Кликнете на соодветниот таб, односно Reddit, Instagram, YouTube, Twitch или Twitter и префрлете го претходно копираниот линк со видеото во понуденото поле. По притискање Enter, видеото ќе се отвори во нов прозорец преку кој ќе можете да кликнете на копчето Download.

SocialSnapper e оптимизиран за работа со сите најчесто користени прелистувачи, но се случува да не можат сите содржини да бидат прикажани, а, со тоа, и симнати. Но, со оние кои можат, лесно ќе можате да добиете офлајн копија, па дури и да комбинирате неколку кратки видеа во едно долго.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top