Преземајте видеа од Facebook, Vimeo и Instagram со Master Video Downloader

Master Video Downloader e Android апликација со која ќе можете лесно и ефикасно да преземате најразлични видео материјали на кои ќе наидете на различни сајтови, само не YouTube. За жал, Google не дозволува да се пласираат во нивната продавница апликации кои дозволуваат преземање YouTube видеа. Поради тоа, доколку имате потреба од брзо преземање видеа од сајтови како Facebook, Instagram, или Vimeo, Master Video Downloader и тоа како може да ви се најде.

По инсталирање и покренување на апликацијата, од почетниот екран ќе можете да изберете апликација од која сакате да преземете видео. Или, уште полесно, копирајте ја URL адресата на саканото видео и префрлете ја истата во полето за пребарување. Во моментот кога апликацијата ќе детектира видео, ќе се појави копче за преземање. Преземаниот видео материјал ви е сервиран во форма на MP4 формат кој потоа може да се прегледува од каков било програм за видео репродукција.

Master Video Downloader нѝ е интересен затоа што функционира како да е прелистувач. Па, како и сите модерни прелистувачи, можете да имате повеќе јазичиња отворени од еднаш, да сочувувате страни со видеа на кои можете да им се навратите подоцна или да ги искористите предностите на вградениот ad-blocker, па дури и incognito режимот на прелистување.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk