Destiny 2 e бесплатна

Сите оние кои ќе ја преземат Destiny 2 од Battle.net клиентот на Blizzard до 18.ноември, бесплатно ќе можат да ја играат основната игра засекогаш.

„Знаеме дека Destiny играчите кои сакаат да играат на PC очекуваат одлично искуство, сами или со нивните пријатели“, објаснуваат од Bungie и додаваат дека: „со овој подарок, однапред се радуваме на гледање нови Guardians во нашиот универзум“.

Потегот успеа да ги израдува сите гејмери кои успеаја да му одолеат на шутерот до сега.

Имајте во предвид дека, доколку сте нов корисник на Battle.net, ќе морате да го овозможите Blizzard SMS Protect пред да ја преземете играта. По зграпчување на играта, корисниците ќе можат и да го пробаат мрежниот дел од Forsaken експанзијата. Таканаречениот Gambit бесплатно ќе може да се провери од 9 до 11 ноември.

Сите оние кои веќе ја имаат купено Destiny 2 ќе добијат во декември ексклузивен амблем за една годишнина.

Неколку недели пред ова, Bungie ја донесе одлуката бесплатно да ги испорачува претходните DLC додатоци заедно со експанзијата Forsaken. Неколку месеци пред тоа, Bungie ја понуди основната игра Destiny 2 како дел од месечен Hunble Bundle пакет. Ваквата агресивна кампања, разлути одредена група фанови кои од самиот почеток го поддржуваат серијалот и ја купија основната игра и дадатоците по исклучително висока цена.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk