2 коментари 2 мин. читање 15 мај, 2017

Претворете ги селфи портретите во емотикони со новата алатка од Google

Вештачката интелигенција има примена во навистина многу важни области. Сепак понекогаш пронаоѓа и „побудалеста“, иако не помалку, кул примена. Токму ова е  најновиот случај со надградбата на Allo на Google.

Компанијата ја користи вештачката интелигенција за фотографиите на корисниците да ги претвори во соодветен емотикон. Апликацијата може да ги препознае карактеристичните црти на ликот и потоа истите ги менува со илустрации од Ламар Абрамс. Според проценките на Google, апликацијата може да генерира 563 квадрилиони различни ликови. Сепак корисникот нема да мора да избира од овој куп, туку ќе му бидат понудени 22 налепници генерирани специјално за него. Корисникот понатаму може и самиот да ги дотера овој избор и да ги прилагоди налепниците за сопствени потреби.

Креирањето на налепниците е супер едноставно. Сè што треба е едно селфи, па по анализа од десетина секунди емотиконите се готови и може да се прилагодат или веднаш да се користат.

 

Вештачката интелигенција ја анализира сликата слично како и луѓето. Наместо рекреирање на фотографијата, овде се креираат илустрации преку препознавање на карактеристиките на ликот на корисникот.

Освен пронаоѓањето на нови можности за користење на вештачката интелигенција Google се обидува да пронајде начин да ги направи своите сервиси поатрактивни. Корисниците може да испраќаат емотикони и за корисници кои не користат Allo. На Android овие пораки одат преку системот на Allo, а на iPhone преку SMS пораки.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top