Musala Soft ја најавува Muffin Conference 2017

Компанијата Musala Soft ја најави Muffin Conference. Настанот е закажан за октомври, па сите заинтересирани имаат доволно време да се подготват.

Она што ќе биде во фокусот на конференцијата се: технологии, иновации и развојот на т.н. меки вештини. Musala Soft ќе се обиде на овој настан да донесе стотици експерти. Учесници во конференцијата ќе бидат: софтверски инжинери, ИТ специјалисти и истакнати говорници од сферата на технолошките иновации, ИТ трендови, процеси и меки вештини.

Темите и говорниците ќе бидат објавени подоцна, заедно со деталната програма. Со оглед на тоа дека дел од партнерите на Musala Soft се IBM, Microsoft и Oracle, очекуваме содржаен настан.

Настанот е закажан за 28 октомври, учеството е бесплатно, но посетителите треба да се регистрираат.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments