Претставен е Ubuntu за Android

Avatar img-thumbnail img-circle

во Мобилни, Софтвер

Ubuntu за Аndroid е апликација преку која може да го поврзете вашиот паметен телефон со монитор и да користите Ubuntu.

Oва e декстоп верзија на Ubuntu инсталирана на Android која стартува кога ќе го поврзете телефонот со монитор преку dock станица, што значи дека покрај апликацијата, ќе ви е потребен и дополнителен хардвер.

„Се што е важно се споделува меѓу десктопот и телефонот во реално време.“, вели Марк Шутлеворт, основачот на Canonical, компанијата зад Ubuntu Project.

„Ова не е Ubuntu Phone. Оваа искуство е од Android. Но оваа најава води кон друга приказна, а тоа е поврзување на различни фактори на форма во еден што-е-моќно-поперсонален уред. Природно, најличниот уред е телефонот, и сакаме да ги собереме сите овие различни идентитети – телефон, таблет компјутер и десктоп – на телефонот. Кога ќе ви е потребен десктоп, го поврзувате со екран и тастатура. Кога ќе ви е потребен таблет компјутер, го закачувате на некое елегантно стакло.“

Ubuntu за Android ќе биде претставен на World MObile Congress во Барселона на 27 февруари, и ќе работи на Android 2.3 и поновите верзии. Потребно 2 GB слободен простор, 1 GHz dual-core процесор и 512 МB RAM.

[youtube]i_2fuIphujg[youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments