0 коментари 2 мин. читање 22 февруари, 2012

Кина се ближи до една милијарда мобилни претплатници

Со скоро милијарда претплатници, 987.58 милиони во јануари,Кина стана главна мета за сите бизниси што се занимаваат со мобилни апликации, мобилен хардвер и телекомуникација. Една милијарда луѓе се безжично поврзани скоро 24/7 часа, и сите тие живеат во една (огромна) држава.

Иако во Кина постојат само 3 телекомуникациски компании, сите тие три компании ги поседува државата. Кинеските власти ја сметаат телекомуникацијата како неопходен сервис што не може потполно да се довери на приватни фирми и затоа превземаат различни аспекти на нивната работа во сопствени раце.

Но, иако тие три компании се едни од најголемите компании во светот, по број на претплатници, само мал процент на корисниците на мобилни телекомуникациски мрежи во Кина се претплатници на 3G мрежа. Минатиот месец настанаа поголеми нереди кога новиот iPhone 4S стартуваше во Кина, на кои и кинеската полиција мораше да интервенира. Ова е само еден мал индикатор за тоа колкав е интересот за мобилни телефони и уреди во Кина, и за тоа колку брзо растат претплатниците и каков огромен потенцијален пазар станува Кина.

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}