После лажните вести, велешани продаваат лажни картички со ликот на Доналд Трамп

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести, ИТ.МК, Свет

На неколку дена пред претседателските избори во САД во 2016 година, Велес доби големо внимание во американските медиуми.  

Снаодливоста ни е една од посилните страни, па така група млади луѓе од Велес изнајдоа иновативен начин како лесно да заработат.  

Ззработката беше овозможена преку AdSense, Ad.Content, RevContent кои што добиваа интернет сообраќај. 

Околу 100 политички портали генерираа лажни вести во корист на Доналд Трамп, а целта беше заработка преку кликбејт наслови.  

Три години подоцна за следните избори во САД, повторно имаше индиции дека велешани ќе ,,работат” во интерес на Доналд Трамп, секако мотивот повторно беше заработката. 

IT.mk пишуваше тогаш дека Facebook страницата Vets for Trump повторно е во рацете на македонци. 

Велешани се повторно активни 

Годинава на 5-ти ноември ќе се оддржат 60-тите претседателски избори во САД. 

Иновативните начини за заработка на сметка на Американците продолжуваат. Па така, наместо лажните вести, овој пат се зараборува преку продавање на лажни дебитни картички со ликот на Доналд Трамп. 

Шемата е прилично едноставна, се продаваат буквално безвредни картички, монети, стикери и што уште не со ликот на Доналд Трамп, а ветувањата се дека после победата на Трамп, овие работи со неговиот лик ќе вредат многу повеќе, пишува Радио Слободна Европа.

На веб-страницата TRB Collect Card може да се купи дебитна картичка со ликот на Доналд Трамп.  

Една картичка чини $599, 5 картички чинат $2000, 10 картички чинат $3500, а специјалната понуда е 20 картички за $6000. 

Комуникацијата и организацијата за овие активности се одвива преку затворени групи на Telegram, а огласите се објавуваат во Telegram групи наклонети кон американската патриотска публика. 

Мотото на огласите е ,,Не ја пропуштајте оваа животна можност, купете сега и осигурајте ја вашата финансиска иднина’’. 

Во огласите кои што се објавуваат на Telegram, наведено е дека почнувајќи од 1-ви октомври на картичката ќе има достапна сума од $500,000, и дека таа ќе може да се користи како регуларна дебитна картичка.  

Покрај огласите во одредени групи на Telegram, за рекламирање и убедување на купувачите се користат deepfake слики и видеа од познати личности. 

Која е врската помеѓу Велес и TRT картичките

Врската помеѓу овие TRT картички и Велес е QR кодот на картичката, кој што укажува на тоа дека продажбата на производот ја регистрирал жител на Велес. Сега, пак, останува да се види дали велешани ќе ги потресат САД и токму за време на избори кога Трамп најверојатно повторно ќе биде кандидат.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk