Белешки од третиот ден на Glocal '09

во ИТ.МК

{mosimage} Третиот и последниот дел од Glocal ’09 започна со сесијата „Social Media as Business” која беше отворена од Jоаким Хајнц од T-Systems Multimedia Solutions GmbH од Германија. Тој зборуваше за користење на проектот Teamweb коj ги вклучува друштвените мрежи во корпоративната работа. T-Systems (дел од германскиот Deutsche Telekom) користи блогови, друштвени мрежи, сервис сличен на Twitter за да креира и менаџира содржина во својата компанија.

„Друштвената мрежа и софверот се единствените алатки, како чeканот или пилата; разликата е како ги користиме и како правиме друштвена креација од нив“ вели Јоаким.

Позитивниот ефект од тој проект, после средување на „information overload" е добивање на брз фидбек, полесна комуникација и полесно организирање на содржината. Јоаким препорача да се разгледа овој сајт за
Enterprise 2.0 концептот.

{mosimage}

По Јоаким следуваше Тина Ждовц од Љубљанскиот универзитет која го престави „My Future" проектот на aвстралиската влада, кој е наградуван владин веб сајт кој користи
друштвенo вмрежување.

„Во време кога знаењето и вештината лесно може да си го најдат патот кон глобалниот пазар на труд, апликацијата за работа може да се објави онлајн, интервјуата за работа можат да се направат преку веб конференција,
можностите за развој на интернационална кариера се неограничени.“ вели Тина Ждовц.

По сесијата за бизнисот и друштвените мрежи, и по кратка пауза, следуваа неколку презентации за национализмот кој се појавува на
друштвените мрежи.

Пред темите за национализмот, сесијата „Social Impact and Legal Regulations of Social Media" ја отвори Љупчо Ѓорѓински од DiploFoundation кој зборуваше за „Protecting Net Neutrality through Legal Principles". Тој ги престави принципите за интернет неутралност на американското Federal Communications Commision (FCC) со кои е отворена дебата дали тие принципи на слободно движење на податоците треба да станат законска регулатива. Суштината на дебата, вели Љупчо, е дали интернет структурата која денес е оптеретена ќе може да го издржи слободниот тек на сите информации независно од содржината и видот.

По ова следуваше презентацијата на Ферзан Озјасар од London Metropolitan University која зборуваше за цензурата на друштвените мрежи во Турција, каде друштвените платформи YouTube, Blogger и WordPress често се појавувале пред судови заради цензурирање на содржината. Голем дел од блокираните сајтови се поврзани со детска порнографија, потикнување самоубиства, но и навреди кон Ататурк. Токму таквите политички цензури ги прекршуваат човековите права, вели Ферзан.

{mosimage}

Следуваше Анастас Вангели кој зборуваше за организацијата на националистички групи на друштвени мрежи, посебно на Facebook. Според неговата анкета дури 85 отсто од луѓето на Facebook биле повикани да се приклучат на некоја националистичка група.

За национализмот и друштвените мрежи зборуваше и Јелена Максимовиќ од Лондонскиот универзитет и Universita degli Studi di Firenze, која ги престави српските националистичка група SNP 1389 која ги користи друштвените мрежи за промовирање на својата пропаганда во јавноста. Ваквите националистички групи, вели Јелена, преку медиумот на друштвените мрежи го привлекуваат вниманието, наспроти мејнстрим медиумите кои свесно ги игнорираат.

Страшко Стојановски од Универзитето „Гоце Делчев“ од Штип ја имаше последната презентација за национализмот. Во минатото, традиционалните медиуми беа тие што го ширеа национализмот, вели Страшко. Во последните неколку години тие националистички активности се подржани од интернетот. Страшко наведе примери на националистички групи на Facebook, како и пример на националистички хакерски групи.

Последната сесија „Shapeshifting Identites" на последниот ден од Glocal ’09 беше за онлајн идентитетот на луѓето. Во првата презентација „Whatever Identities", Сузана Милевска од Италијанската академија Скопје го искористи
инцидентот со студентите против изградбата на црква на плоштадот во Скопје да објасни како традиционалните медиуми ги одсликуваат студентите во тој случај во негативен контекст како партизирана организација. Додека пак на друштвените мрежи, за примери се земени групите од Facebook, се појавува нов начин на идентификација на студентите и тие групи, понекогаш како објаснување на кои се тие луѓе, а понекогаш и за започнување на нови расправии.

{mosimage}

Потоа зборуваше Ирена Цветковска која во својата презентација „Housing and Belonging in Cyberspace: Politics of representation and recognition" која зборуваше за онлајн заедниците или виртуелните општества кои се огранизираат како специфични групи на луѓе.

„Овие општеста инсистираат на идентификација и конструкција на стабилен идентитет преку стратегиите на исклучување на сите категории на луѓе. Безбедноста на друштвата се користи како алиби за исклучување. Прашањето не е дали си лезбејка, туку дали си доволно лезбејка.“ вели Ирена.

Последната презентација која зборуваше за онлајн идентитетот беше на Катерина Динева
од NYUS која го постави прашањето дали технологијата е алатка за покажување на тоа што сме или се навлегува подлабоко во нашиот идентитет? Еден пример е начинот на кој луѓето го користат интернетот за себе-промоција. Катерина ги сподери веб страните како начин на промоција со друштвените мрежи и начинот на кој луѓето се промовираат таму.

Конференцијата заврши со видео презентација на Зала Волцик од Квинсленд универзититет, Австралија. Презентацијата се однесуваше на „Branding and Social Media".

Сите презентации од Glocal ’09 ќе можете да ги најдете тука или на официјалниот блог. Моментално се само дел од презентациите, но се очекува да бидат објавени сите како и видео снимка од целата презентација.



Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments