Болница, видео, тумор и реклами

во Веб

{mosimage}Како би се чувствувале доколку одите на операција која се снима и видеото се постира онлајн, а болницата закачува неколку реклами при емитувањето? Токму такво видео беше постирано од Методистичката универзитетска болница од Мемфис, САД. Видеото ја следи операцијата за остранување на мозочен тумор на Шила Рене Мулинс. Таа нормално се согласила за објавување на видеото, а болницата го искористила тоа да продаде реклами преку видеото од операцијата.

„Целта е да си ја зголемиме репутацијата како и да ги едуцираме луѓето“ изјави Џил Фазакерлу, маркетинг директорот на Mетодистичката болницата.

Приказната е објавена во The New York Times. Весникот пишува „соочени со економскиот притисок и големиот избор на пациентите, болниците користат неконвенционални, дури авантуристички начини да се поврзат директно со јавноста. За да привлечат или едуцираат пациенти, привлечат донори, да бидат препознаени и да вработат врвни доктори, болниците користат Twitter од операционите сали, покажуваат операции на YouTube и ги користат блоговите во кои пациентите пишуваат за процедурите“.

{mosimage}

Во интересната приказна се вели дека 250 болници користат друштвени мрежи како маркетинг алатки за промоција на своите услуги. Интересно е што покрај рекламирањето на услугите, болниците преку друштвените мрежи одржуваат контакт со пациентите. Во поглед на новите пациенти преку друштвените мрежи истите можат да се информираат за процедурата и од болницата и од другите пациенти.

Всушност со слични видеа од операции, како видеото од операцијата на г-ѓа. Мулинс на која се гледа дека таа ја кажува азбуката додека и го острануваат туморот од мозокот, пациентите, односно сите, ќе можат да се информираат и да научат нешто повеќе. Или со зборовите на Џефри П. Кан, биоетичар од Универзитетот на Минесота „ќе се направи демистификација на медицинската услуга“. Но од друга страна, вели г-дин. Кан „технолошки можности не мора да значат и квалитет на болница“.



Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments