0 коментари 1 мин. читање

Премиер лига vs Ла Лига на друштвените мрежи (инфографик)

За многумина англиската Премиер лига е највозбудливата фудбалска лига во светот, но двата најголеми клубови сепак се шпанските Реал Мадрид и Барселона. Овие два клуба придонесуваат многу кон популарноста на оваа лига што се забележува и на друштвените мрежи, кои се место за дискусија и расправии меѓу фановите. Ако ги споредиме на Twitter, ќе видиме дека Ла Лига ја следат скоро 9 милиони корисници, додека Премиер лигата ја следат 5 милиони. Но, овие пет милиони споделија над 81 милион твитови, додека шпанската лига се спомена во 65 милиони твитови, а околу 24 милиони беа само за Роналдо и Меси.

Како што може да се види од твитовите, прашањето која е попопуларна лига е долга бескрајна дебата. За среќа, The Score направи инфографик кој ја спореди овие две лиги, па споредете ги бројките и одлучете сами. Информациите се соберени од компанијата за аналитика Sysomos.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top